Продукти
Низ годините, создадовме асортиман на производи кои по својот квалитет и изработка се едни од најквалитетните кои се нудат на нашиот пазар
Водоотпорна шперплоча WIREMESH GARMEN
Овој тип на шперплоча е специјално дизајниран за обложување на подови како на пример: камионски платформи, подови на сите видови комби возила, подови на автобуси, контејнери и т.н. Дизајнирана е да издржи употреба во екстремни услови. Според карактеристиките е идентична со шпер-плочата за бетонско шаловање со таа разлика што едната страна во процесот на пресување е обработена со матрица во вид на мрежа која и дава на шперплочата релјефна структура односно, нелизгачка површина.