Продукти
Низ годините, создадовме асортиман на производи кои по својот квалитет и изработка се едни од најквалитетните кои се нудат на нашиот пазар
Суровинска шперплоча GARMEN
Суровинската шперплоча е направена со унакрсно сврзување (слепување) на 2-3 фурнири. Квалитетот на секој одделен фурнир е идентичен од првиот до последниот со што максимално е запазен квалитетот на производот. Се користи висококвалитетно лепило со ознака Е0 interior што значи емисија на штетни супстанции е “0”.





Овој производ има идеална мазна и чиста површина и доаѓа исклучиво во прва класа А/А. Идеален е за производсво на мебел, тапациран мебел, столчиња, внатрешни врати и многу други производи. Може да се нарача и во “door sized” 2135x700/750/800/1000мм или во било која потребна димензија согласно Вашите потреби.


Димензии

- Должина, мм: 2440 ± 2.0
- Ширина, мм: 1220 ± 2.0
- Дебелина, мм: 4мм, 6мм, 8мм, 10мм, 12мм, 18мм