Продукти
Низ годините, создадовме асортиман на производи кои по својот квалитет и изработка се едни од најквалитетните кои се нудат на нашиот пазар
3-слојна жолта оплата
3-слојната оплата уште се нарекува и жолта оплата заради дебелиот слој на меламинска смола со која е обложена површината, а која служи за импрегнација. Најчесто се користи за шаловање на бетонски столбови но, исто така е погодна за шаловање на бетонски платна и плочи. Во комбинација со оковот за шаловање, оваа оплата е исклучително брза за монтажа и демонтажа со што во голема мера се крати потребното време за нејзина припрема.

Структурата на жолтата оплата се состои од 3 слоја слепени унакрсно со периметарска рамка кај средниот слој. Користењето на високо квалитетни материјали како и технолошки оптималниот производствен процес, го прават овој производ исклучително сигурен при употребата.
Карактеристики на оплатата

- Дрво: Елка/Смрека
- Структура: 3 слоја слепени унакрсно со периметарска рамка кај средниот слој
- Дебелина: 21, 27мм
- Ширина: 500мм
- Должина: 1000, 1500, 2000, 2500, 3000мм
- Пакување: 40 табли/ палета
- Произведена во согласност на барањата според DIN 68705